Несоницата предизвикува срцеви и мозочни удари посебно кај жените

Големо долгогодишно истражување покажува дека несоницата е мн0гу опасна по здравјето, предизвикува срцеви и мозочни удари и тој процент кај жените е повисок отколку кај мажте. Студијата која траела 30 години и следела 160 илјади луѓе утврдила дека лошиот сон како и недостатокот од сон имаат катастрофални последици на здравјето.
Милиони луѓе се борат со несоницата, а во Германија третина од населението се жали на несоница.
Авторот на студијата Киао Хе, од кинескиот Медицински универзитет во Шангај истакнува дека спиењето сочинува третина од животот на човекот и дека сонот е многу важен за биолошко заздравување на организмот.
Во модерното општество се повеќе луѓе се жалат на несоница. Симптомите вклучуваат потешкотии во заспивањето, потешкотии сонот да трае подолго и раноутрински будења.
Авторите на студијата ги анализирале дека резултатите од големото истражување и утврдиле дека постои врска меѓу потешкотијата за спиење и појава на срцеви болести и мозочни удари.
Ризикот расте од 11 до 27 отсто, но уште не е јасно што точно го предизвикува.
Претходните студии покажале дека инсомнијата може да го смени метаболизмот и функцијата на ендокрините жлези, да ја зголеми симпатичната активност на кардиоваскуларниот систем и да го зголеми срцевиот притисок.
Кај жените, ризикот е малку поголем во однос на мажите. Но, разликите не се значајни, па не може да се утврди дека инсомнијата е поопасна за жените, туку дека жените се повеќе склони на неа поради генетските разлики, хормоните, стесот и реакциите на стрес.

жениистражувањемозочен ударспиењесрце