Нема терапија за пациенти со мултиплекс склероза!

По проблемот со немање терапија за шизофренија во психијатриската болница во Бардовци, без лекови се и пациенти со мултиплекс склероза. Три месеци триесетина пациенти со оваа дијагноза не го добиваат неопходниот лек. На Клиниката за неврологија од ноември нема бетаферон кој болните го земаат три пати неделно.  Лицата со оваа дијагноза секојдневно бараат информација во невролошката амбуланта, но како што велат го добиваат истиот одговор – Има најава дека ќе го добиеме, но засега нема. Револтирани се бидејќи несоодветното третирање на МС може да доведе до нејзино прогресирање и компликации по здравјето.

-Мојата сопруга 13 години е на оваа терапија. Тоа е невролошка болест и таа секојдневно е под стрес дали ќе го има лекот или не. Уплашена е а јас незнам како да ја смирам кога веќе три месеци постојано се јавувам на неврологија, но без конретен одговор за добивање на лекот, реагира сопруг чија жена е на бетаферон.  

Тендерските процедури биле проблем и за набавката на бетаферон, исто како и во Психијатриската болница во Бардовци, каде поради тендерот, лица со шизофренија три недели биле без терапија. Директорот на Неврологија за Сител изјави дека првиот тендер пропаднал бидејќи биле понудени високи цени и затоа ја повториле постапката. Договорот го потпишале и очекуваат лекот да им биде доставен на клиника.

-стенд уп Лекари од клинички коментираат дека моменталната состојба со немањето терапија за болните е последица од неколкумесечното функционирање на здравствениот систем без министер. Тој период повеќе установи не распишувале тендери за набавка на лекови.

бетаферонмсневрологијапопуларно