Неколку совети како полесно да станувате наутро

Има луѓе кои без проблем стануваат веднаш но има и такви кои неможат лесно да се одвојат од креветот.

Ако сте од оние на кои им е тешко станувањето рано при тоа многу често доцните на работа треба да знаете дека тоа не е само навика или неодговорност, туку причината може да биде и генетска. Нашиот внатрешен часовник, поради кој ни е лесно и тешко да легнеме порано и да станеме рано наутро, дефиниран е во нашите гени. Научниците утврдиле дека дури 7 гени се вклучени во овој механизам кој не зависи од нашата волја.Тие исто така утврдиле дека учесниците во истражувањето, кои себе се опишале како утрински типови на луѓе, имале многу помалку проблем со несоница, сосема им било доволно 8 часа сон секоја ноќ, како и тоа дека овие луѓе имаат помалку ризик од депресија отколку луѓето кои себе си се опишале како “ноќни типови” .

За оние кои гените ги успиваат наутро еве неколку трикови како да станете на време.

–           Оставете го будилникот малку подалеку од дофат на раката за да мора да станете од кревет и да го исклучите. Големи се шансите ако ви е на дофат на рака веднаш да го исклучите и да продолжите да спиете.

–           Отворете ги темните завеси навечер пред да си легнете. Наутро кога ќе влезат сончевите зраци во спалната соба ќе ви биде уште еден знак дека треба да станете. Друг начин да го постигнете ова е да си набавите од оние будилници кои освен звук емитираат и сончева светлина. Ова е одлична опција за во зимските денови кога се разденува малку подоцна а треба да станете пред да изгрее сонцето.

–           Немојте да се туширате непосредно пред да си легнете. Туширањето знае да ве расони па после потешко да заспиете. Најдобро е да си направите топла купка барем еден час пред да си легнете, а уште подобра варијанта е да се истуширате наутро, така сигурно ќе се расоните.

–           Помалку консумирајте алкохол и кофеин. Понекогаш на крај на работниот ден за опуштање знаеме да се напиеме чаша вино или некој друг алкохолен пијалок. Но ако знаете дека мора да станете наредното утро рано а при тоа да бидете наспани и одморени заборавете на кофеинот и на алкохолот. Наместо тоа напиј те се топол чај од камилица или некој друг чај од билки, уште наредното утро ќе ја воочите разликата.

–           Напијте се чаша вода веднаш по станувањето. Најдоброто нешто наутро е да се напие чаша вода на празен стомак. На овој начин вашето тело ќе биде хидрирано и ќе активира  метаболизмот што ќе ви даде дополнителна енергија. Водата, исто така, ќе ви помогне да се разбудите и да се освежите по долгата ноќ без вода.