Неколку совети како да го забрзате метаболизмот

Многу лица се соочуваат со спор метаболизам и забавена работа на цревата. Послужете се со некои од нашите совети за како да го забрзате вашиот метаболизам.

Вашиот метаболизам е огледало на начинот и стилот на вашиот начин на живот. Тој пред сè зависи од вашата возраст, пол, генетиката и килажата. Но, влијаат и многу фактори за кои вие сте одговорни.

Сигурно досега многупати сте ги слушнале истиве совети, но никогаш не е доволно од повторување на значајни совети за подобро здравје.

Пијте повеќе ладна вода

Ладната вода е одличен забрзувач на метаболизмот. Исто така дневно треба да внесувате најмалку по 2 литра вода за да останете хидрирани.

Вежбајте кардио

Брзиот тренинг во добро темпо е одличен за вашето тело. За подобри резултати додадете и тегови или било каков вид на справи во вашиот тренинг.

Кафе

Во едно истражување е покажано дека кафето и кофеинот можат да го забрзаат метаболизмот и за 11%. Но, не треба да претерувате со него, две кафиња на ден се сосема доволни.

Зелен чај

Сите сокови можете да ги замените со зелениот чај. 1-2 шолји зелен чај на ден се препорачливи доколку сакате да го заврзате вашиот метаболизам.

Спијте доволно

Кога не сме доволно наспани многу често се случува да чувствуваме глад иако не сме навистина гладни. Исто така недостатокот на сон може да доведе и до дисбаланс на хормоните во организмот. Затоа преферирајте да спиете 7-8 часа.

спор метаболизам