Неколку причини поради кои копнееме за благо по оброците

Завршивте со јадење но оброкот ви изгледа непотполн доколку не изедете нешто благо, не сте сигурни како и зошто но знаете дека морате внесете каков било десерт во организмот.

Уживате во благото, му се радувате, но во исто време имате чувство на вина бидејќи знаете дека внесувањето на премногу шеќер не е добро за вашиот организам.

Кога ќе се метаболизира шеќерот, тој ги активира центрите за надградба во нашиот мозок, ослободувајќи опијати и допамин, пружајќи нѝ задоволство, помагајќи му на нашиот мозок да биде мотивиран за повторување на истата навика. Ова е вграден механизам на преживување којшто нѝ помага да го одбереме благото отколку горкото, што во многу случаи во дивината означувало „сигурно“ во однос на „токсичното“. Желбата за благо по оброкот може да биде предизвикана од различни причини.

Навика

Нашиот мозок е програмиран да биде „автопилот“ што е можно повеќе за да се спречи непотребниот напор. Делот од мозокот којшто е одговорен за донесување одлуки и сложено размислување е префронталниот кортекс, а делот од мозокот одговорен за навики се базалните ганглии.

Во случај кога во текот на денот, нашиот префронтален кортекс е преоптоварен со типичниот исцрпувачки начин на живот, базалните ганглии ја „преземаат власта“, а ние се потпираме на своите навики со цел да се одмориме од донесувањето одлуки. Доколку знаете дека имате десерти во домот или на работното место, вашите базални ганглии можат многу лесно да ве поттикнат на нивно консумирање.

Не јадете доволно

Вашиот хормон на гладот, грелин, ќе ви сигнализира кога немате внесено доволно храна во организмот. Кога вашиот грелин не е потиснат од хормонот на ситоста, благите и храната богата со калории по вечерата стануваат многу попривлечни, особено доколку прекумерна телесна тежина.

Јадете премногу брзо

Кога ќе го завршите оброкот во рок од неколку минути, во истиот момент го ограничувате сопственото уживање во храната. Исто така ќе се чувствувате погладни по десетминутниот оброк отколку кога истиот оброк ќе го завршите за 30 минути.

Јадете премногу јаглехидрати

Едноставните јаглехидрати и оние со висок гликемиски индекс брзо се варат во организмот и нагло го зголемуваат шеќерот во крвта, предизвикувајќи панкреасот да испумпа инсулин, што на крајот предизвикува пад на шеќерот во крвта.

Едноставните јаглехидрати ја вклучуваат храната базирана на бело брашно, печива, десерти, благи, сокови. Некои луѓе се особено чувствителни на овие промени на шеќерот во крвта, поради што може да се појави чувство на слабост, мачнина, замор и треперење. Тоа пак го поттикнува човекот да трага за засладена храна, којашто ќе му помогне веднаш да се чувствува „подобро“.