Некои жени многу порано влегуваат во менопауза, еве зошто!

Најновото истражување покажало дека менопаузата која означува крај на репродуктивниот период кај жените, не е одредена само со годините и генетиката, туку и со изложувањето на одделни хемикалии и штетни материи го забрзуваат овој процес.

Др. Амбер Купер од Универзитето во Вашингтон смета дека одделни хемикалии можат да го забрзаат процесот на влегување во менипауза дури за четири години.

Тим од експерти заедно со др.Купер спровеле истражување врз 31.575 жени на возраст од 45 до 55 години. Со анализа на крвта и урината утврдено е дека жените кои користеле поголеми концентрации на хемикалии, преку парфеми, пластика, козметика, пестициди, спрејови за коса, влегувале во менопауза порано од другите жени.

Истражувањето покажало и дека изложувањето на штетни материи било поврзано со слабеење на функцијата на јајниците па на тој начин влијаело на репродуктивните функции.

Повеќето од тие штетни материи се насекаде околу нас и не е лесно да ги избегнеме. Др.Купер препорачува да ја избегнуваме козметиката која содржи пестициди а повеќе да ја користиме онаа на природна база.

женикозметикаменопаузапестицидипопуларно