Некои болести може да манифестираат со болка иста како забоболката, еве кои се тие

Нема да верувате но болката во забите може да биде “предзнак” за срцев удар, болести на синусите, па дури и симптом за рак на бели дробови.

Болки во забите може да се јават од различни причини, но она што помалку е познато е дека не секоја забоболка, или она што ние го препознаваме како забоболка, е поврзана со забни проблеми.

Некои болести може да манифестираат со болка токму во овој предел, и ќе ве изненадат за кои состојби станува збор:

Проблем со виличната коска
Тогаш кога си мислите дека ве боли заб, болката можеби потекнува од виличната коска. Болката во забите тогаш може да се јави, поради дисфункција на темпомандибуларниот зглоб кој може да предизвика “заклучена вилица”. Тогаш доаѓа до грчеви во мускулите на вилицата, а проблемот се зголемува при отворање на устата.

Синуситис
Оваа состојба предизвикува воспаление на слузокожата на еден или повеќе синуси. Максиларните синуси (синуси во коските на горната вилица) може да предизвикаат болка и притисок во горните, задни заби, бидејќи нивниот корен се наоѓа близу крајот на синусите. Сепак, интересно е дека синуситисот може да се појави и како последица со проблеми со забите, токму поради тоа што се многу блиску.

Проблеми со срцето
Болката во срцето понекогаш се манифестира низ различни делови од телото. Обично тоа е левото рамо или рака, но може да се пренесе и на долните заби и вилица. Тоа може да биде знак за ангина пекторис, која често се смета за “предзнак” на срцевиот удар. Значи, ако имате здрави заби, а чувствувате дека ве болат, можеби би требало да посетите кардиолог.

Плунковни чепови
Ова пореметување се созава во каналчето на една од плунковните жлезди. Кога чепот ќе достигне критична величина, доаѓа до блокада на плунковниот канал. Како резултат се јавува болка во забите, а може да дојде и до оток на плунковните жлезди. За да се потврди оваа дијагноза, потребно е да се направи рендгенско снимање на вилицата.

Болести на белите дробови
Болестите на белите дробови може да влијаат врз забите и обратно. Болката во забите и вилицата може да биде знак за рак на бели дробови.

болестиболказабоболкасинусисрце