Неизвесно дали МЗ ќе плаќа пенали на италијанската компанија Инсо, која требаше да го гради новиот Клинички во кругот на скопските клиники!

 Пред две недели имавме состанок со Банката на Советот на Европа. Останува делот од парите што беа посветени на Клиничката болница во Штип, а ние се откажуваме од делот што беше наменет за градење на Клиничкиот центар во Скопје во рамки на сегашниот кампус. Во однос на Банката ние немаме обврска за плаќање на никакви пенали.

Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека станува збор за пенали кои евентуално би ги платиле кон изведувачот со кој бил потпишан договор.

– Тоа беше италијанската компанија „Инсо“ која тука настапи како конзорциум. Се договоривме наскоро да имаме уште една средба и да разговараме дали можеме на некој начин тоа да го искомпензираме за тие да се вклучат во некои други наши активности и да го избегнеме плаќањето пенали, изјави Филипче. Што се однесува до изградбата на новиот Клинички центар, министерот за здравство вели дека работни групи на град Скопје и општина Карпош работат со цел изнаоѓање на соодветна локација во Бардовци и решавањ ена имотно правните односи со дел од сопствениците на приватно земјиште во тој дел.

клиничкикомпанијапеналипопуларнофилипче