Негувателка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари, се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало, објави Телма.
Директорката на градинката го потврдила случјаот и кажала дека негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка.
„Информацијата е точна. Негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка. Имаме изјави од родителите а земени се изјави и од вработени и раководител на објектот“, изјави Маја Велинова директорка на градинката.