Губењето на забите поради расипаност инесоодветна орална хигиена, доведува до постепено губење на меморијата. Последни американски истражувања покажуваат дека загубата на заб значително влијае на меморијата кај луѓето. Во негативна смисла. Со секое поместување на вилицата мозокот добива значителен број на информации преку одредени сигнали кои се сместени во хипокампусот. Луѓето кои немаат повеќе заби стануваат на некој начин хендикепирани бидејќи нивниот мозок ја губи способноста да се сетат на детали.
По 18 години долга анализа меѓу повозрасното население, истражувачите откриле дека оние кои имаат поголем број од забите имаат подобра меморија за настаните од минатото.. Истражувањето беше спроведено меѓу 273 учесници, на возраст од 55-80 години.Иако вештачките забни импланти може донеакде да ја поврати меморијата и нервните врски, сепак, во делот од мозокот одговорен за меморијата стигнуваат помалку сигнали.