Проѕевањето активира автономен нервен систем и го зголемува бројот срцеви отчукувања. Ако сте уморни, тоа го снабдува мозокот со свеж кислород, го лади и така овозможува природно подобрување на крвотокот, што значи и поголема концентрација и будност.
Ако веќе мора да го спречите проѕевањето, тоа за организмот нема да биде којзнае колку лошо, но не правете го премногу често.
Зошто проѕевањето е заразно? – Научниците велат дека тоа се случува спонтано, поради емпатија кон туѓите чувства на пријатност.