Не претерувајте со лекови против болка, влијаат на слухот

Претерано пиење апчиња против болки кај мажите може да доведе до оштетување на слухот. На ова посебно треба да внимаваат помладите мажи, предупредуваат американските стручни лица од Харвард.

До овој заклучок доше по две децении истражувачка работа со која биле оппфатени 26 илјади испитаници.

Лековите кои се поврзуваат со поблаго или сериозно губење на слухот пред 50-та година се парацетамол и ибупрофен.

Иако во овие истражувања не се опфатени и жените, научниците претпоставуваат дека наведените лекови може да предизвикаат ист ефект и кај нив.

главоболказависностлековипопуларнослух