Водата е еден од најважните елементи за нормално функционирање на организмот. Ако не пиете доволно вода, вашиот организам ќе дехидрира, а тоа ќе се познава од внатре и од надвор. Дехидрацијата прави да се чувствувате демотивирано, а и секогаш ќе се чувствувате гладно.
Тоа е така бидејќи вашето тело ќе се обиде да ја зачува секоја капка вода, а поради тоа може да изгледате како да сте се здебелиле. Препорака на експертите е да пиете по 2 литри вода или 8 чаши дневно.
Доволната количина на вода го забрзува метаболизмот, помага подолго време да се чувствувате заситени.
– Ако пиете премногу вода пред спиење, во текот на ноќта може да се разбудите неколку пати за да одите во тоалет, вели Ерин Палински Вејд.
Како и водата, добриот сон е клуч за функционирање на организмот, но и за губење на вишокот на килограми.
Вејд советува да внесувате помалку 3 часа пред спиење. Тоа време ќе биде доволно органзимот да ја процесуира водата во себе.