Иако звучи помалку чудно, она што го јадеме и пиеме, исто така влијае на здравјето на нашите синуси. Пиењето по 6-8 чаши вода дневно ја поттикнува природната способност на плакнење на синусите.
Кафето и алкохолот треба да се избегнуваат бидејќи дејствуваат диуретички, ја сушат слузницата и на тој начин доведуват до притисок и до таложење плунка во носната празнина.
За да се намали воспалението на синусите, треба да се консумира ананас, брокули, моркови, боровинки, домати, лимон, соја, јаболка, чоколада, лук, јагоди, мандарини, црвена зелка и цитрон.
Противоспалително дејство има и ѓумбирот. Јаболковиот оцет ја разредува слузта, а можете да го пиете во текот на денот така што ќе го измешате во голема чаша вода.
Од голема помош може да бидат и инахалациите. Една од најдобрите мешавини за инхалација е чајот од камилица и жалфија, а доколку тоа не ви помогне, инхалирајте се секоја вечер со чај од босилек. Во сезоната на греење, на радијаторите задолжително поставете керамички садови од кои испарува чај и го навлажнува воздухот.
Врелото туширање е од голема помош во борбата против синусната инфекција. Додека се туширате, пуштете топла вода да тече преку челото и носот, а потоа исекнете го секретот од синусите.