Знаете ли дека конзервираното овошје воопшто не е полезно за вашето здравје?
И додека 2-3 порции свежо или суво овошје дневно се препорачливи (испитувачите дури велат дека тоа може и да го продолжи животниот век), консумирањето конзервирано и смрзнато овошје го зголемува ризикот од смрт за 17%, заклучиле научниците.
Познато е дека овошјето во конзервите плива во високофруктозен сируп, а низа претходни истражувања покажаа дека консумирањето многу фруктоза е поврзано со покачен крвен притисок, холестерол, вишок килограми, отпорност на инсулин.
Токму затоа не зачудува што конзервираното овошје се поврзува со ризикот од прерана смрт.
Од друга страна, смрзнатото овошје според хранливите состојки треба да биде на исто рамниште со свежото овошје, иако ни тоа не се препорачува премногу.
Додека во него нема додатоци од шеќер, смрзнатото овошје треба да биде здраво, или барем безопасно, тврди др. Симон Кепвел, професор по клиничка епидемиологија на Универзитетот во Ливерпул.
И покрај сите нивни испитувања и препораки, едно е јасно – ништо не може да замени чинија свежо овошје, ни по вкус ни по корисните карактеристики за здравјето.