Не јадете бел леб, масло и црвено месо – Го скратуваат животниот век!

Типичната западна исхрана богата со масти и со шеќер, го скратуваат животот, открија британските научници.

Истражувањето што е спроведено меѓу 5 000 државни службеници потврдило дека луѓето кои јадат претежно пржено и слатко, колбаси и црвено место, бел леб, путер и павлака, се изложени на двапати поголем ризик од предвремена смрт или влошување на здравјето во подоцнежната возраст.

Истражувањето го потврдува тврдењето дека „западниот начин на исхрана“ е причината 94 000 луѓе да умрат од  срцеви заболувања во Британија. Резултатите од истражувањето се базираат на истражувањето на Британци и покажуваат дека придржувањето кон западниот тип диета зголемува ризикот од предвремена смрт и влошување на здравствената состојба во подоцнежната возраст.

Научниците испитувале 3 775 мажи и 1 575 жени на средна возраст од 51 години од 1986 до 2009 година. Тие користеле  комбинација од болнички податоци, резултати од рентгенски истражувања спроведени на секои пет години и утврдиле проценти на смртност и хроничните болести на учесниците. Во следната фаза само 4% достигнаа „идеално стареењето”, дефинитивно како недостиг на хронично заболување и добри физички, психички и ментални квалитети.

Околу 12 проценти преживеале кардиоваскуларни болести како мозочен удар или срцев удар, а околу 3 насто починале од кардиоваскуларни болести.  Околу три четвртини биле идентификувани како минуваат низ „нормално стареење”.  Научниците утврдиле дека луѓето го почитуваат „западниот тип на диета”  којшто се состои од пржена и слатка храна, колбаси и црвено месо, млечни производи со висока масленост,што ги намалувале шансите за идеално стареење.

масломесопопуларноцрвено