Научниците открија начин да го блокираат раниот развојот на туморите предизвикани од синовијалниот сарком, соопштуваат “Новости”.
Оваа болест е една од видовите агресивен сарком на меките ткива. Таа може да се појави на било која локација, вклучувајќи го мозокот и срцето, но најчесто се појавува околу зглобовите и тетивите. Во првата фаза на процесот може да се одвива асимптоматски, сепак потоа се манифестира во форма на едем, болка и вкочанетост.
При изучувањето на болеста научниците утврдиле дека од клучно значење за растот и опстанокот на заразените клетки е протеинот BRD9.
Лабораториските експерименти покажуваат дека супресијата на ова соединение може да го спречи почетокот и развојот на туморот.
Научниците истакнуваат дека добиените податоци играат важна улога во борбата против оваа форма на рак.