Научниците од Велика Британија ПРОНАШЛЕ ЛЕК ЗА РАКОТ?

Научниците од Велика Британија откриле нов лек кој го намалува растот на агресивните тумори во човечкиот организам.

Станува збор за лек наречен берзосертиб, кој влијаел на намалување на опасната болест кај половина од пациентите кои учествувале во истражувањето.

Берзосертиб спаѓа во класа на АТР инхибитори кои ја блокираат функцијата на АТР протеинот, кој им помага на клетките на ракот да ја оштетат ДНК. Тимот на лекари открил и дека туморот целосно исчезнал кај двајца пациенти.

Авторот на студијата, професорот Јохан де Боно од Институтот за истражување на рак, рече: „Нашето клиничко испитување прво ја тестира безбедноста на новиот лек и охрабрувачки е што ги имаме првите резултати во оваа рана фаза на истражување“.

Во образложението се наведува дека целта е да се најде начин да се спречи обновување на ДНК на клетките на ракот, бидејќи на тој начин може да се намали ширењето на туморите кај луѓето.

Околу 40 луѓе земале доза на лекот берзосертиб, а научниците откриле дека половина од карциномот престанал да расте само со овој лек или со хемотерапија.

Најохрабрувачки факт е дека еден пациент кој страдал од агресивен тумор бил целосно излечен по примената на новата терапија.

Поминаа две години од тогаш, а ракот не се вратил. Жената која имала карцином на јајниците, исто така, била излечена, но таа покрај лекот била подложена и на хемотерапија.

извор:lokalno.mk