Наследничката на хотелот “Хилтон” сака да стане мајка – Бара донор на сперма!

Парис Хилтон посакала да биде мајка, па одлучила да најде донор на сперма, пренесува „Курир.рс“.

Триесет и седумгодишната наследничка на хотелот „Хилтон“, веќе контактирала агенција и е подготвена да го награди момчето кое ќе ги исполни нејзините услови.

Таа бара донорот да има добар изглед, високо ниво на интелегенција, но и да потекнува од добро семејство.

– Постои проблем бидејќи донорите не се милионери. На богатите луѓе не им е потребно да ја продадат спермата. Хилтон смета дека самохрана мајка се вклопува со нејзиниот имиџ, таа може да направи се и не и е потребен маж за да успее – рекол нејзин пријател.

Наводно, на Хилтон и е преку глава од немањето среќа во љубовта. Таа била љубоморна на својата помала сестра Ники, која има две деца.

донорспермахилтонхотели