Народен лек против болки

Ако сте се исфорсирале на тренингот или имате болки во ‘рбетот, не мора да одите во аптека за да купите крема против болки, туку решението ќе го најдете во вашата кујна…

Се што е потребно да направите е во период од 1,5 месеци, секоја вечер пред да заминете на спиење, да изедете 1 смоква, 1 сува кајсија и 5 суви сливи.

Овие плодови содржат супстанци, кои предизвикуваат регенерација на ткивото, составувајќи интервертебрални дискови, правејќи ги посилни и поцврсти.

Секој плод, кој ви го препорачуваме, содржи одредени елементи и супстанци, а нивното мешање создава одличен лек, кој е исклучително ефикасен против болките во ‘рбетот.

Секако пред употребата на овој лек како и на сите други природни лекови, побарајте совет од вашиот лекар соодветен на вашата здравствена состојба.