Нема да ви “солиме“ памет за тоа колку е штетно пуштењето или да објаснуваме зошто е добро да престанете да пушите. Ние ќе ви понудиме мал список на намирници кои ви се достапни, а со кои при секојдневната употреба и исхрана ќе ви помогнат да го прочистите телото од никотин:
Портокали
Уште еден природен извор на витамин Ц, кој ќе ви помогне во „борбата“ со никотинот. Портокалите исто така помагаат во намалувањето на стресот и нервозата, која желбата за никотин знае да ја предизвика.
Ѓумбир
Ѓумбирот помага во отстранувањето на мноштво симптоми предизвикани од пушењето и никотинот. За поголеми резултати, подобро е ѓумбирот да се консумира непреработен. Ќе ви помогне во намалувањето на желбата за пушење, за намалувањето на тежината, како и редуцирањето на токсините во крвта, предизвикани токму од никотинот.
Моркови
Внесувањето на витамините А и Ц неколку пати дневно е она што ви е потребно, доколку сте редовен пушач. Зголемувањето на нивото на овие витамини, заедно со витаминот К, придонесува за зајакнување на одбрамбениот механизам на телото и тоа по природен пат.
Брусница
Киселината што се содржи во брусницата помага во отстранувањето на никотинот од крвта побрзо од било што друго. Никотинот го зголемува и шеќерот во крвта, а брусницата помага и во неговото намалување. Исто така, помага во откажувањето на цигарите, бидејќи ја намалува желбата за истите.
Лимони
Доколку сте пушач, никотинот останува во вашето тело до три дена. Ги оштетува клетките на кожата и порите, а лимонот го поттикнува здравјето на кожата, обезбедува витамин Ц и ги намалува штетните влијанија од пушењето.