Намирници кои треба често да ги јадеме и природно го зајакнуваат имунитетот

Правилната исхрана има големо влијание на целокупното здравје, а одредени намирници го подобруваат имунитетот со своите хранливи материи, кои се неопходни за одбрана од разни болести.

Диететичарката Natalie Rizzo издвои неколку од најдобрите намирници кои треба често да ги јадеме, токму затоа што природно влијаат и го подобруваат имунитетот. Овошјето и зеленчукот се претежно на нејзината листа, но таа ги потенцира и намирниците како јајца и екстра девственото маслиново масло.

Храната избрана од Natalie е богата со витамини и други хранливи материи кои му помагаат на телото да се бори против инфекции, вируси и болести. Таа нуди листа од неколку намирници кои, според неа, треба често да бидат на нашата трпеза.

Црвена пиперка:

Црвената пиперка е најдобриот зеленчук за зајакнување на имунитетот. „Црвената пиперка е суперхрана богата со витамините Ц, А и Б, што значи дека има тројна моќ за зајакнување на имунитетот“, истакнува таа.

Додава дека црвените пиперки се одличен избор за оброк бидејќи може да се јадат сирови, варени или печени, што значи дека може да се комбинираат во различни јадења.

Портокали:

Портокалите се познати по тоа што се богати со витамин Ц, па не е изненадување што се наоѓаат на листата на намирници кои го зајакнуваат имунитетот. Сепак, се посочува дека при конзумирањето на портокалите, треба да се има на ум една важна работа. „Ова овошје е преполно со витамин Ц и други хранливи материи, но погрижете се да го јадете целосно, а не само како сок. Ќе внесете повеќе витамини во вашето тело ако јадете портокал, а не ако само го исцедите“, вели Rizzo.

Јајца:

Како уште една корисна храна, таа ги издвои јајцата. Истакнува дека јајцата се одлична храна за природно зголемување на витаминот Д без изложување на Сонце. „Оние кои консумираат доволно витамин Д се разболуваат поретко, а јајцата содржат голема количина на овој витамин кој го зајакнува имунитетот, особено жолчките кои не смеете да ги избегнувате да ги јадете“, истакнува таа.

Екстра девствено маслиново масло:

Маслиновото масло е централна состојка на медитеранската исхрана, позната и како најдобрата диета во светот. Тоа е „богато со полинезаситени масни киселини“, што го прави добар извор за секој кој внимава на холестерол или сака да се храни здраво за своето срце. Маслиновото масло помага и да се спречи деменција и да се зајакне имунитетот.

Спанаќ:

„Спанаќот содржи витамини А и К, како и фолна киселина, железо, магнезиум и антиоксиданси кои го прават моќен зеленчук“, истакнува Rizzo. Таа тврди дека спанаќот треба да се јаде често, а може да се комбинира во појадок, салати, како прилог за време на ручекот или вечера. Според неа, спанаќот е „храна што треба да ја јадете неколку пати неделно“