Смртноста на новороденчињата на Клиниката за гинекологија за една година е намалена од 24 отсто на 15 отсто.
– Многу ми е драго што за краток период имаме резултати. Знаеме дека овој здравствен систем може да го доближиме до европските стандарди, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Директорката на клиниката Викторија Јовановска се заблагодари за донацијата со која, како кшто рече, се овозможуваат подобри услови за мајките и новороденчињата во оваа јавна здравствена установа.
Шефот на Одделението за интензивна нега и терапија на новороденчиња доктор Елизабета Петковска рече дека минатата година имало 36 починати новороденчиња на 1.000 живородени, а оваа година заклучно со септември тој број изнесува 24. Таа рече дека 50 отсто од починатите новороденчиња се екстремно мали, незрели со тежина под 1000 грама и под 28 гестациска недела.