Најрано за три недели ќе се знае точната причина за смртта на 15 годишното момче

Најрано за три недели ќе се знае точната причина за смртта на 15 годишното момче од Скопје кое во вторникот почина за време на операција на колената на трауматологија од компликации од анестезијата. По обдукцијата, на судска медицина ќе прават и дополнителни биохемиски и токсиколошки анализи, а сите детали ќе ги гледаат и под микроскоп.
– Од институтот за судска медицина се категорични дека прво мора да се направат сите анализи па дури тогаш ќе излезат со конечен став дали навистина момчето починало од малигна хипертермија како реакција на анестезијата.
Вчера од Клиниката изјавија дека според клиничката слика се сомневаат на оваа дијагноза. Претпоставките им се според симптомите опишани во медицинската литература. Но, ниту тие ниту на судска досега немале ваков случај.
Дополнителни испитувања за утврдување за причината за смртта се прават и на Институтот за патологија. Што се случувало во вторникот вечерта во операционата сала испитува и стручна комисија.
Иако хирурзи и анестезиолози коментираат дека постои лек за ваква компликација од анестезија тој не можел да биде набавен зошто не е регистриран во земјава. Но, со сигурност неможат да гарантираат дека може да спаси нечиј живот.
Инаку 15 годишното момче се здобило со повреди на колената на физичко и требало итно да биде внесено во операциона сала, не ја преживеало операцијата поради компликации кои настанале од инфалациониот анестетик.

анестезијамомчеоперацијасудска медицинатрауматологија