Најголемата грешка која ја правите за време на диета!

Зошто не слабеете?

Веќе долго време се обидувате да изгубите некој килограм со различни диети, но тоа никако да се случи…Со истото се соочила речиси секоја девојка која некогаш сакала да ги намали килограмите, и тоа поради многу позната грешка која сигурно сите ја практикувате.

Ако мислевте дека за намалување на килограмите е потребно само намалување на дневното внесување на калории, тогаш сте во голема заблуда.

Токму малиот број на дневни калории влијае на неуспехот на секоја ваша диета. Голем дел од девојките кои сакаат да ги намалат килограмите прво престануваат со консумирање на леб, јаглехидрати, овошје, алкохол, слатки и месо.

Но, размислувајќи на подолга патека, ако пиете протеински шејкови, а истовремено ги исфрлите сите јаглехидрати од исхраната, тоа воопшто нема смисла.

На почетокот можеби ќе изгубите некој килограм, но веднаш откако ќе се вратите на старата исхрана како лебот и сличните намирници, килограмите веднаш ќе се вратат, а можеби ќе биде и полошо, така што секогаш обидете се да бидете умерени во сѐ и да не се откажувате одеднаш од сите задоволства.

Друг проблем при подлегнувањето на диети е денот кој секоја девојка го обожава, односно оној кога себеси се частите со нешто по што долго сте копнееле, како чоколадо и слично.

Телото кое цела недела копнеело токму за тие одредени намирници, веднаш ќе ги зачува внесените калории отколку да ги согори.

Депресивното расположение е една од нус појавите на таквиот начин на исхрана, бидејќи телото и умот не можат да си ги задоволат желбите што ги имаат.

Секогаш, кога во ваквите денови ќе сакате да уживате во некој сендвич или пак сладолед, повеќе од сигурно е дека ќе изедете повеќе одошто првично планиравте за да бидете задоволни.

Здравата исхрана никогаш не е црно – бела. За вистински да практикувате здрав начин на исхрана кој гарантира губење на килограмите и одржување на линијата и понатаму како нешто најважно, мора да го практикувате рецептот 80/20.

Тоа значи дека 80 проценти од времето ќе се храните здраво, а 20 проценти е резервирано за оние намирници кои ве прават среќни.

Едноставно, во вистинските моменти дајте му слобода на телото и уживајте во храната!

грешкидиетаслабеење