1. Доцно станување
Ова може да го саботира работниот ден уште пред и да почне.
Една скорашна студија, која ја цитира „Хафингтон пост“, открива дека шефовите ги сметаат работниците кои доцнат на работа како помалку совесни и им даваат пониски оценки за работата… дури и ако тие работници подоцна си одат од работа.
Не е фер, но таква е сегашната реалност. Затоа обидете се да дојдете на работа што е можно порано.
2. Не ги поздравувате колегите
Може да си поставите убава позиција за себе и другите околу вас ако одвоите неколку минути да помуабетите со колегите.
– Ако сте раководител и не им кажете „здраво“ на луѓето од вашиот тим, вашиот наизглед недостиг на човечки доблести би ја намалил вашата техничка компетентност, вели Лин Тејлор, национален експерт за работни места и автор на „Напушти ја ужасната канцеларија, тирану: Како да го менаџирате детското однесување на шефот и да опстоите на вашата работа“.
Дури и ако не сте менаџер, создавањето на тивка ограда преку вашата работна маса може да изгледа понедостапно за колегите.
3. Пиење кафе
Ако не сте тип што пие кафе веднаш штом се разбуди, тогаш, најверојатно, се фаќате за финџалот веднаш штом влезете на работното место.
Но, истражувачите велат дека најдоброто време за кафе е по 9.30 часот. Затоа што кортизолот, хормонот за стрес, кој ја регулира енергијата, воглавно е во врвот меѓу 8 и 9 часот. Кога пиете кафе во тоа време, телото почнува да создава помалку кортизол и повеќе станува зависно од кофеинот.
Кога нивото на кортизол почнува да опаѓа по 9.30 часот, може навистина да ви треба тоа кофеинско гориво.