Над 4200 новозаболени од грип регистрирани минатата недела во Македонија

Во текот на 8-ма недела од 2018 година (од 19.02.2018 – 25.02.2018), во Република Македонија пријавени се 4.258 новозаболени лица од грип/заболувања слични на грип, што е зголемување за 14% во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 3.728 заболени лица, се наведува во новиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 227 заболени, постои зголемување на бројот на заболени во 8-ма недела за 19 пати.

Исто како и во претходните недели, во 8-ма недела најголем број заболени – 2.498 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 419,1/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Досега во сезоната 2017/2018 вкупниот број на пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 16.429 случаи………

болнивирусгрипизвештајијз