Истражувањето на Медицинската школа на Универзитетот на Мериленд открива дека температурата на телото на жената е повисока отколку на мажот.
Поради тоа на жените им е постудено, бидејќи телото е потопло што го интензивира субјективното чувство дека надвор е постудено отколку што е.
Жените кои користат контрацепција имаат уште повисока телесна температура, бидејќи хормоните влијаат на температурата на телото.
Рацете и нозете кај жените се постудени за пет степени отколку кај мажите.
Жените имаат побрз метаболизам од мажите. Метаболизмот ја одредува брзината со која се согорува храната и во текот на тој процес доаѓа до загревање на телото. На жените им е поладно од мажите бидејќи нивниот метаболизам е за 23 проценти побрз.