Прославата на новогодишната ноќ на Клиниката за токсикологија во градскиот Клинички центар во Скопје ја завршиле 27 лица. Меѓу нив имало и едно 16 годишномомче.
За првпат по подолго време на Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ немало лица помлади од 15 години, изјави директорот Нико Беќаровски.
Лекарите од ургентниот центар во болницата „8 Септември“ интервенирале кај 38 лица, од кои 4 со поблаги форми на повреда поради тепачки.
Четири лица биле повредени од изгореници на рацете со петарди, На хирургија било интервенирано и на две лица со површни рани на вратот од огнено оружје од залутани куршуми.
На Клиниката за хируршки болести во текот на вчерашниот ден пристигнале вкупно 65, од кои пет се хоспитализирани, а врз 4 се извршени операциски зафати.