На што треба да внимавате кога купувате маслиново масло?

Колку повеќе научниците откриваат позитивни дејства на маслиновото масло за нашето здравје, толку повеќе видови можат да се најдат на полиците во продавниците.

Покрај големата понуда на различни брендови и атрактивната амбалажа, како и тврдењето на многу произведувачи дека нивното масло е со совршена чистота и квалитет, купувачите лесно можат да бидат заведени и да потрошат многу повеќе пари на маслиново масло кое не го заслужува тоа.

Многумина воопшто не размислуваат премногу кога ќе посегнат по шише на полицата, има и многумина кои набавуваат масло од маслинари во кои имаат доверба и им одговара нивниот производ, а за купувачите кои сепак не сакаат да купуваат „мачка во вреќа“, стручњаците нудат неколку корисни совети.

Започнете со етикетата на шишето на која пишува дека станува збор за стопроцентно студено пресувано екстра девствено маслиново масло. Проверете го рокот на употреба. Маслиновото масло останува свежо од една година до 18 месеци по преработувањето, во зависност од тоа како и каде е чувано. Колку крајниот рок за употреба е подалечен, толку подобро. Ако на шишето нема таков датум, не го купувајте маслото.

Идеално би било да се истражи вистинското потекло на маслиновото масло, но тоа е многу полесно да се каже отколку да се направи. Светските пазари се преплавени со фирми кои тврдат дека нивното масло е чисто и набавено од реномираните маслинарски земји како Италија и Грција. Меѓутоа, во продавниците се нудат и многу фалсификувани масла кои во голем дел се сочинети од инфериорни состојки.

Купувајте масло во темни стаклени шишиња или лименки, природното или вештачкото светло које на полиците го осветлува маслото го скратува неговото трење и маслото побрзо станува „расипано“.

Ако имате прилика да го пробате маслиновото масло, изберете го она кое има лесно лут вкус и „скокотка“ во грлото, бидејќи тоа значи дека има високо ниво на полифеноли корисни за здравјето.

Иако цените варираат, висококвалитетното маслиново масло не може да биде евтино – одгледувањето на маслинките, производството на квалитетно масло и неговата дистрибуција е интензивна сезонска работа која бара стручност. Затоа, не наседнувајте на рекламите кои нудат екстра девствено маслиново масло по смешни цени.

квалитетмаслиновопопуларношише