На млад пациент од Охрид му е пресаден мускул од нога на рака

Раката на пациентот станува функционална

На 25-годишен пацинент од Охрид на Клиниката за пластична хирургија му е пресаден мускул од ногата на раката која му е повредена и не му функционира. Со оваа операција која ја изведе експерт за реконструкција на екстремите Оскар Азман од Австрија во соработка со наши лекари, раката на пациентот станува функционална и за една година ќе треба да се вгради протеза.

-Пациентот претходно е третиран во неколку здравствени центри и кога отишол во Австрија и стапил во контакт со д-р Азман тој му предложил операцијата да се направи тука бидејќи имаме соработка. Пациентот постопреативно се чувствува добро – рече директорката на Клиниката за пластична хирургија, Софија Пејкова.

мускулногарака