МВР со кривична пријава против ученичките од Неготино кои брутално тепаа соученичка!

МВР ќе поднесе кривична пријава за деветоодделенките од неготинското училиште кои брутално тепаа своја соученичка. Пријавата ќе ја достават до велешкото јавно обвинителство. Во меѓувреме, педагошки мерки и против одделенските наставници на трите ученички од неготинското училиште бидејќи навреме не реагирале поради лошото поведение на деветоодделенките. Ова го бара Државниот просветен инспекторат по скандалозната снимка со бруталното тепање на малолетничка во училишниот двор. Освен ученичките од тепачката, невладини бараат одговорност и за оние кои снимаа и неовластено го дистрибуираа видеото.

-За неовластено снимање може да одговара прекршочно и кривично и согласно законот казната е до една година затвор. И неовластена дистрибуција на снимен материјал е казниво дело и е предвидена казна затвор од една година. Но овде има уште еден момент а тоа е злоупотреба на лични подаотци на децата кои беа снимени..Значи може да одговараат за три дела, вели Виолета Георгиевска, хот лајн интернет провајдер

Од невладините велат дека е неопходна едукација за населението, особено за децата за да знаат кои содржини се дозволени на интернет а за кои можат кривично да одговараат.

-Им ја дадовме технологијата на децата, интернетот, но никој не ги учи како да ги селектираат содржините, какви содржини да користат, што е дозволено а што не, вели Георгиевска.

Снимката од неготинското училиште предизвика бурни реакции во јавноста. Повеќе организации побараа одговорност од  надлежните институции, министерката за образование, пак, најави враќање на воспитната мерка во образовниот процес.

децамврнеготиноодговорностпопуларноучилиште