Мудар совет од една мајка-Што кога детето ќе ја повреди главата

Кога си родител и кога детето ќе падне и ќе се повреди, не размислуваме туку инстиктиво делуваме и веднаш го носиме во најбликата болница.

Ова и се лучило и на една мајка која на својот блог споделила чуден и несекојдневен совет кој го добила од медицинска сестра, откако ја однела својата ќерка во болница затоа што паднала на главата.

Оваа мајка била целосно избезумена откако нејзината ќерка ја повредила главата уште на првиот училишен ден. Целата помодрена ја однела во болница. Таму пак, сестрата ѝ открила фантастичен трик, да ѝ даде гумена бонбона за да провери дали правилно се движат сите коски на лицето.

Советот веднаш го споделила со своите следбеници и пријатели, советувајќи ги ако детето падне и ако ја удри главата странично или на лицето, да му дадат гумена бонбона. Ако може да џвака, значи нема скршеници на коските на лицето. Од друга страна, доколку падне на тилот и е сонливо или губи свест, може да се работи за потрес на мозокот и тогаш овој трик не помага.

„Мислам дека овој мудар совет навистина ќе ни биде од корист нам, родителите со несмасни деца“, искоментирал некој од познаниците на мајката.

гумена бомбонамудар советповреда на глава