Сите знаеме дека овочјето е здраво но може ли премногу овошје да биде нездраво?
„Дефинитивно може“, одговара германскиот лекар Карстен Лекутат. Овошјето содржи фруктоза, затоа и е толку вкусно и слатко. „Фруктозата е конечно сепак шеќер, со ситепроблеми кои произлегуваат од премногу шеќер“, вели тој.
Едно јаболко ве прави здрав, три често резултираат со масен црн дроб, објаснува.
Кога црниот дроб ќе се замасти, повеќето претпоставуваат дека е тоа поради алкохол. Всушност, вели Лекутат, во 20 до 30 отсто случаитоа нема врска со алкохол, туку е последица од прмногу фруктоза. Значи, треба да се јаде само зеленчук?
Не, одговара Лекутат. „Би бил среќен кога многу од моите пациенти би јаделе повеќе овошје затоа што луѓето, генерално, јадат премалку. Новреди да се размисли кој вид на овошје го јадемеи која количина затоа што не е сето овошје еднакво богато со шеќер.
„Бананите, јаболката, сливите имаат многу повеќе шеќер одпортокалите или шумското овошје“, објаснува нутрицинистката Антје Гахл. Таа препорачува пет порции овошје и зеленчук на ден. Притоа, зеленчукот има приоритет.
Например, две парчиња овошје, три зеленчук. Не е неважно ниту како се консумира овошјето. „Свежото овошје е подобро од процесуираното“, напоменува Лекутат и додава дека во сокот од овошје има повисоки концентрации и побрзо доспева во крвотокот, поради што д-р Лекутат не е оборник за сок од портокалнаутро.
Многу стручњаци не се воодушевени ниту со смудито. „Когаќе ги погледнете сите состојки, веројатно не би изеле толкава количина овошје во еден обрк. Но во течен облик тоа ќе се случи многу брзо“, вели Гахл. Дали тоа значи дека треба да се откажете од сок од портокал наутро или од смуди за појадок?
Одговорот е повторно – не. Со други зборови консумирањето на овошје треба да се прилагоди кон животниот стил. Кој сака да го почне денот со сок од портокал, мораи да вежба за да го потроши внесениот шеќер