Момче и девојка од Македонија пронајдени мртви на Кајмакчалан

Двајца планинари од Македонија синоќа биле пронајдени починати на Кајмакчалан. Како што пренесуваат грчките медиуми, се работи за младо момче и млада девојка, на возраст од 26 и 35 години од Македонија, кои во 23 часот и 30 минути биле пронајдени мртви.

На местото каде биле пронајдени имало спасувачки екипи и пожарникари, но теренот е недостапен.

Денеска пожарникарите ќе се обидат со сите сили да ги извлечат двајцата Македонци.

Временските услови на Кајмакчалан продолжуваат да бидат многу опасни, со оглед на снегот и најавените бури.

бурадевојкакајмакчаланмомчепланинаснег