Моќни семки што треба да ги јадете

Ги топат килограмите и штитат од рак

Семките од ова растение содржат голема количина на есенцијални масни киселини неопходни за здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем, но и нервниот систем и генерално имунолошкиот систем на организмот.

Експертите препорачуваат една лажица ленено семе дневно. Може да ги додадете во вашата овесна каша, салата, чорба, вода, смуди… Еве зошто би требало да ги јадете…

Добри се за мозокот
Богати се со омега 3 масни киселини што е многу важно за веганите и поединците што не јадат морски плодови. Го поттикнуваат развојот на невроните и ја регулираат мозочната функција. За целокупно подобрување на здравјето на мозокот доволни се една до две супени лажици ленено семе дневно.

За подобра дигестија
Лененото семе е фантастичен извор на диетални влакна што значи дека дигестивниот систем подобро ќе ви работи, подобро ќе се ослободува од токсините и вишокот маснотии од телото. Исто така, може да реши многу дигестивни проблеми, како што е запекот и нередовната столица.

Ќе ве држат сити

Овие семки се добар извор на протеини и ќе ви помогнат да останете сити. Подолгото чувство на ситост значи и помалку внесување калории, што може да поттикне слабеење.

Го штитат срцето и намалуваат холестеролот
Некои истражувања откриле дека линолната киселина, односно главната состојка на ленените семки, е поврзана со нискиот систолички крвен притисок, како и со намалениот ризик од хипертензија.

Помагаат за слабеење
Благодарение на количината на влакна, ленените семки помагаат за одржување на нивоата на шеќер во крвта, го намалуваат гладот и доведуваат до губење килограми.

Штитат од рак
Неколку истражувања сугерираат дека ленот е исклучително корисен во борбата против рак на дојка, простата, јајчници и дебело црево. Ленот содржи лигнани за кои се смета дека придонесуваат за превенција од канцер. Тие може да помогнат во заштитата од рак, затоа што ги блокираат ензимите кои се вклучени во метаболизмот на хормоните и го спречуваат растот и ширењето на туморните клетки.

лененораксеме