Помешајте ги овие 3 состојки и ќе добиете моќен домашен напиток кој меѓу другото ќе ви помогне да го елиминирате вишокот килограми.
Доколку се обидувате да ја доведете фигурата во ред до лето, овој напиток ќе ви помогне во тоа. Се прави од само 3 состојки, а помага и во регулирање на лошиот метаболизам, како и кај синдромот на мрзеливи црева. Со самото тоа помага и при слабеење.
Оваа комбинација на состојки исто така може да поттикне и исфрлање на наталожените токсини во организмот.
За припрема ви се потребни следните состојки:
– 3 лимони
– 1 шолја сецкан магдонос
– 5 стебла сецкан целер
– 6 чаши вода
Начин на припрема:
Отстранете ја кората и семките од лимоните. Ставете ги сите состојки (освен водата) во блендер, а потоа додајте ја и водата и повторно изблендирајте.
Овој напиток консумирајте го 3 пати дневно во рок од 3 дена. Освен тоа, важно е да внесувате и многу зеленчук, особено зелена сaлата која ја поттикнува работата на метаболизмот и ги согорува маснотиите.
Еве како состојките на овој напиток делуваат на организмот:
Магдоносот содржи 2 групи на единствени состојки: ароматични масла кои даваат посебна арома и флавоноиди кои заеднички ги елиминираат токсините од телото.
Лимонот е полн со витамин Ц и други корисни хранливи состојки кои ги редуцираат масните наслаги и помагаат во борба против лошиот холестерол.
Целерот исто така го намалува нивото на холестерол, но поттикнува и исфрлање на токсините од телото.
извор: tocka.mk