Граѓаните не претерале со јадењето јајца и мрсна храна за Велигденнските празници. И оваа година на Токсикологија не е регистриран ниту еден случај со прејадување.
-Немаме пациенти со прејадување со храна. Имаме со вообичаена патологија за нашата Клиника со кашлица, вртоглавица, несвестица, почачен крвен притисок, покачен шеќер, изјави д-р Данил Петровски, спец. Интернист на Клиниката за токсикологија.
За продолжениот празничен викенд на Токсикологија биле примени само двајца граѓани кои претерале со алкохолот. Регистрирани се и 4 случаи на труења. Тројца, од кои двајца затвореници во Идризово испиле поголема количина лекови, а една жена сакала да си го одземе животот со пиење солна киселина.
-Викендот имаме едно алкохолно труење и предмалку донесоа уште еден пациент исто така со алкохолно труење, додаде д-р Петровски.
Бидејќи и денеска е празник и неработен ден, од токсикологија не ја исклучуваат можноста во вечерните часови помош да побараат и прејадени или препиени граѓани.