Министерството за здравство признава дека огласот за државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика со завршен факултет за историја, право или економија не е соодветен.
-Потенцираме дека огласот е распишан по постојната систематизација, која за жал, свесни сме дека не е соодветна. Веднаш е почната постапка за нејзино менување, со цел во иднина да не се повторуваат вакви или слични огласи, се вели во соопштението од здравство.
Од ресорното министерство додаваат дека сепак овој оглас е завршен, а единствениот кандидат од 6-те пријавени кој ги исполнувал сите услови е дипломиран економист.
Но, и понатаму нема објаснување зошто се барале токму личности со завршено историски, правни или економски науки, а не доктор или фармацевт и зошто огласот е распишан во период кога министерството беше без министер. Останува отворено и прашањето дали Венко Филипче ќе сака да го советува овој државен советник или пак ќе си распише оглас за нов кандидат со соодветно образование!?