Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес конференција за најновите информации во врска со заболените, и мерките на владата, донесени вчера за заштита и превенција од коронавирусот,
Филипче истакна дека на клиниката за инфективни болести има седум пациенти и сите се стабилна лесна клиничка слика, додека пак контролниот тест на правата пациентка е негативен и во следните денови ќе биде пуштена на домашно лекување.
Во моментов се тестираат 12 пациенти, двајца патувале во Италија, осум лица се од Дебар соседи на тројцата заболени кои имале интензивни контакти со заболените бидејќи живееле во куќа лепенка, додека од останатите двајца, еден во Штип лице од Кочани кое патувало во Италија и еден од Прилеп, вели Филипче
Тој посочи дека за сите лица за два часа се очекуваат резултатите.
Во однос на препораките Филипче изјави дека отсуството кон работодавецот се регулира со потврда за родителот од градинката или училиштето, во однос на дневните центри на лица со попреченост за нив е проширено со родителите исто како и за родителите на децата од градинка и училиште. За двајца родители во ист сектор Филипче изјави дека едниот ќе треба да биде ослободен од работа, како и самохраните родители.