Министерот Таравари се пофали – Спречил граѓаните да плаќаат поскапи лекови

Министерот за здравство ќе го поништи решението на неговиот претходник, со кое тврди дека граѓаните од утре требало да даваат повеќе пари за стотина лекови. Таравари вели дека Никола Тодоров ставил потпис на документот еден ден пред нивната смена а одлуката за референтните цени била донесена на Управниот одбор на Фондот.
-Веќе напоменав дека пациентите се нашиот најголем приоритет и токму поради тоа одлучив да преземам правни дејствија за поништување на оваа одлука која би имала директен и негативен ефект врз џебот на граѓаните.
За таа цел, со мојот тим од правници веднаш преземавме конкретни мерки за поништување на решението со кое е дадена согласност на одлуката за утврдување на референтните цени на лековите кои паѓаат на товар на ФЗОМ, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Ваквата одлука според Таравари значела дек Фондот ќе плаќа помала сума при набавката на лековите од производителите, а разликата во цената да ја доплаќаат граѓаните од џеб. Станува збор за терапија за респираторни, кардиоваскуларни и мускулоскелетни заболувања. Побаравме објаснување и од Фондот, но не добивме одговор.

– Тоа можеби е незначително за секојдневните лекови кои чинат малку, но е значителна сума за поскапите лекови кои чинат и по илјадници денари – изјави Таравари.

Таравари најави и ревизија на позитивната листа на лекови која не3 била ревидирана повеќе од 8 години.

граѓанилековимзреферентни ценитаравари