Министерот Таравари најави нови назначувања на директори во болници и клиники

– Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека ќе бидат назначени шест до осум нови директори на неколку клиники и болници, а ќе има и други назначувања.

Посочи дека размислуваат за одредени директори кои ќе останат на директорските места.

– Уште не можам точно да кажам. Меѓутоа веќе размислуваме за одредени директори кои ќе останат. Можеби ќе бидат во периферијата, можеби во Клиничкиот центар. Се уште правиме консултации, додаде Таравари. Според шпекулациите во болничките кулоари, на директорските места ќе останат кардите на ДУИ. Некои од новите имиња за директори и порани биле на тие функции а за некои има бурни реакции и неприфаќање да станат менаџери.

директориклиникипопуларносменитаравари