Министерот Филипче најави стратегија за да се спречи заминување на медицинскиот кадар во странство

Министерот за здравство д-р Венко Филипче по денешната работна посета на Крива Паланка истакна дека изготвуваат стратегија за да се спречи одливот на млади стручни кадри од медицинската сфера во странство.

– Чекаме планот за вработувања да ни го достават сите здравствени институции, по што со јасна слика за потребите ќе преземаме мерки – додаде Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето кои се приоритетите за кои ќе се залага со оглед на немањето породилно одделение во повеќе помали градови, тој потенцира дека во Министерството се изготвува една посериозна анализа за тоа каков тип здравствени услуги се даваат низ државата, но и со каков квалитет се тие и каква е фреквенцијата на услуги.

– Врз основа на тоа спремни сме да изготвиме една мапа за здравствени институции и интервенции кои ги извршуваат со цел да ги сконцентрираме на регионално ниво и тоа да донесе подобар квалитет. Тоа значи дека ако не можеме да ги снабдиме со соодветен кадар, некој здравствен дом или установа, тогаш точно ќе знаеме каде да бидат упатени – додаде Филипче.

кадарминистерсратегијастранствофилипче