Министерот за здравство,Венко Филипче вчера одржал работна средба со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на која била договорена соработка на полето на едукации. Како што информираат од Министерството за здравство, остварена е заедничка соработка помеѓу Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и Здружението на анестезиолози за континуиран процес на обука и спроведување едукација за медицинските сестри која треба да се реализира во наредниот период. Овој континуиран едукациски процес ќе се одвива во соработка со Медицинскиот симулациски центар при Клиничкиот центар.