Пап тестот е одличен начин за контрола на присуството на микроорганизми во вагиналната флора.
Секоја жена која планира бременост треба да обрне особено внимание на можното присуство на микроорганизми како што се chlamidia trachomatis i neisseria gonorrhoeae кои што можат да претставуваат потенцијална опасност за плодот во текот на неговиот развиток во матката.
Со елиминација на овие микроорганизми пред бременоста се намалува ризикот за ектопична бременост и неплодност.
Исто така се намалува ризикот за појава на дегенеративни промени кај фетусот, како што се ментална ретардација и слепило на новороденчето.
Ако некогаш вие или вашиот партнер сте ги имале овие или слични сексуално преносливи болести задолжително кажете му ја таа информација на вашиот гинеколог.