Место кафе пијте го ова и ќе имате енергија!

За среќа постојат многу различни алтернативи кои можат да помогнат во одржување на високи нивоа на енергија во текот на денот, без загрозување на здравјето.

Вода со лимон

 

Пиењето вода со лимон на почетокот на денот нуди многу здравствени предности, а една од нив е и високото ниво на енергија со кое се заполнува денот. Водата со лимон е одличен извор на калиум, калциум и магнезиум, како и витамин Ц кои му помагаат на телото да добие електролити, истовремено помагајќи му да ги исфрли токсините. За разлика од кафето, оваа вода е хидрирачка.

Комбуха

Голем број од нутриционистите и експертите во оваа област ја обожаваат комбухата. Таа е позната и под името „еликсир за бесмртност“,  а всушност е ферментиран пијалок од црн чај и шеќер. Овој пијалок е богат со пробиотици, ензими и добра бактерија која е одлична за стомакот. Освен подобрување на варењето и намалување на килограмите, комбухата е одлична за зголемување на енергијата.

Зелен чај

Ако ви е тешко да се откажете од кафето поради енергијата која ви ја дава, можеби е добар момент да му дадете шанса на зелениот чај. Тој нуди помалку кофеин од кафето, но нуди и многу моќни здравствени бенефити за телото. Зелениот чај го поттикнува метаболизмот и ја подобрува кожата, благодарение на неговите антиоксиданти.  Исто така, овој чај помага во намалување на стресот и зајакнување на имунолошкиот систем.

Пченична трева

Иако напитокот од пченична трева не содржи кофеин, сепак содржи витамини и минерали кои даваат енергија, како што се витамините А, Ц и Е, но и железо. За екстра детоксификација и енергија, во неа можете да додадете и ѓумбир кој ќе помогне да се чувствувате свежи и енергични во текот на денот.

енергијазелен чајпијалокпопуларно