Едно до две деца месечно и десетина возрасни завршуваат со дијабет. Во земјата има околу 200 000 лица со шеќерна болест или 10 проценти од популацијата. Стресот, начинот на живот, исхраната и генетскиот фактор се главните виновници за оваа алармантна состојба. А како што постојаното расте бројот на дијабетичари, така се зголемуваат и нивните проблеми со недостаток на инсулин и сомневање во квалитетот на терапијата.
-Имаме постојано лица кои имаат нус појави од терапијата, а дали е тоа од лош квалитет на инсулинот или неедуцираност на лицата за следење на сотојбата оставаме за тоа да оценат лекарите, наше е да се сомневаме, велaт од Сојузот на дијабетичари.
И додека во октомври наводно поради транспорт доцнела пратка со инсулин, заменик министерот за здравство со ветување до дијабетичарите дека во иднина нема да имаат проблеми и ќе добивале квалитетна терапија. Но не даде прецизен одговор дали досега во земјава е користен неквалитетен инсулин.
-По информации од медиуми, јавност, ние во лабораториите ќе провериме..не дека немало проблем и дека не се протнувало неквалитетен инсулин, но во иднина нема да има, вели Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство.
Според статистичките податоци, околу 450 милиони луѓе во светот имаат дијабет.