Медицинско лице во Србија почина од морбили!

Жена која работела во Клиничкиот центар во Србија, на одделот за ендокринологија, починала од мали сипаници, јавуваат медиумите во Србија.

Таа работела на Клиниката и била задолжена за разнесување на пациенти, а починала пред два дена. Според неофицијални инфорамции, таа подолго време не работела на КЦС бидејќи била на боледување, поради хронично заболување.

Вчера поради компликации предизвикани од мали сипаници во Белград , починала 30-годишната Белграѓанка. Официјално, таа е петтата жртва од мали сипаници.

морбилипопуларнопочинасмртсрбија