Матичните нема да штрајкуваат, им даваат рок од уште 2 недели на здравствените власти!

Матичните се откажаа од идејата за еднодневен штрајк на кој немаше да прегледуваат и да издаваат рецепти на хронично болни. Им даваат рок од две недели на Министерството за здравство и Фондот да преговараат за нивните барања. Вака одлучил Управниот одбор на Здружението на приватни лекари и покрај големиот револт на нивни колеги кои сакале преку протест да ги предупредат надлежните дека состојбата во нивниот сектор е алармантна. Пациентите да бидат заведени на приватната здравствена установа и повеќе пари од фондовската каса се главните точки кои ќе бидат ставени на преговарачката маса.

-Во тој период да се формираат работни групи, го послушавме министерот дека ќе има средба иако тоа го разбравме од медиумите а не не известија лично, изјави Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ

Лекарите од примарното здсравство се револтирани, бидејќи како што велат, седум години никој немал слух за нивните проблеми. Предупредуваат дека состојбата со недостаток на матични има во повеќе региони во земјата а се поголем број млади заминуваат од земјата.

-Има по три паралелки на лекари кои учат германски јазик. Страшно е во Богданци, Македонски Брод..Мора нешто да се преземе, на земјата не и требаат советници, и требаат лекари, вели Дервишова

Во државата има околу 1600 матични лекари со просечна старосна граница од 58 години. Од Фондот добиваат 55 денари капитација по пациент.

барањалекариматичнипопуларноштрајк