Маска од калинка за посветла и помека кожа

Калинката содржи огромна количина на витамини и минерали: А, Б1, Б2, Б4, Б5, Б6, Б9, Ц, Е, Х, К, калиум, силициум, калциум, магнезиум, натриум, сулфур, фосфор, хлор, железо, јод, селен, флуор, хром, цинк, омега-6 и бета-каротен.

Ете зошто маската за лице од калинка е одличен избор за вашата кожа. Добро изгмечете лажица семки од калинка, па измешајте со лажица мед и три лажици маслиново масло. Кога ќе ги измешате сите состојки, додадете 50 мл вода за да се разреди смесата.

Нанесете на чисто лице и оставете да стои околу еден час. Исто така, пожелно е да се втрие во кожата на лицето, вратот и деколтето со нежни движења. Измијте со млака вода.